Научниците спремаат нова вакцина против ХИВ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и во Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот Фокус на Белгија.

Според научниците, целта на оваа вакцина, развиена во Белгија, би била контрола на ХИВ. Лекот, всушност, користи липидни наночестички што „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот систем“ којшто ја зголемува делотворноста на вакцината, како што рече еден од истражувачите.

Тие велат и оти вакцината може драстично да ја намали зависноста од постојните секојдневни лекови.

Ако нејзината благотворност се докаже кај луѓето (засега е тестирана само на лабораториски глувци), оваа нова вакцина може да донесе значителна помош и надеж за луѓето кои живеат со ХИВ.

Share This Article