Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Демир Капија – Неготино, Катланово – Скопје, Скопје – Катланово, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и Струга – Охрид, од 30 до 50 метри на патниот правец Обиколница Скопје (од клучка Хиподром – Сарај), од 100 до 150 метри на патниот правец Македонски Брод – Кичево и до 50 метри на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ.
На Меѓународниот аеродром Скопје според објавата на нивната веб страница, утрово откажан е летот од Скопје за Истанбул, а има доцнење од еден час на летот од Истанбул за Скопје.
Времена измена на режим на сообраќај има на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп каде што се врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи, информираат од Доо „Стентон Градба – Битола”.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива по зимски услови, по претежно суви коловози, а сите патни правци се проодни, без забрани и ограничувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.