More

    Конкурсот за идната учебна година ќе се планира според потребите од соодветен кадар

    spot_img

    Концептот на дуално образование го создава потребниот, добро подготвен кадар за потребите на стопанството и со тоа го намалува јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на човечки капитал. Заедно со нашите партнери, овој концепт на образование ќе продолжиме да го спроведуваме и надградуваме, во рамки на проектот „Образование за вработување“ кој пак, овозможи обединување на енергијата и заедничко креирање ефективни образовни политики, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на компанијата „Ронтис“ во Велес, каде заедно со швајцарската амбасадорка Вероник Улман, извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев и со проектниот тим лидер, Курт Вутрих извршија увид во спроведувањето на практичната настава директно на работно место за учениците од Регионалниот центар за стручно образование и обука „Коле Неделковски“.

    – Има многу компании кои се вклучени во дуалното образование и следат високи стандард за едукација и грижа кон учениците, односно над 550 во оваа учебна година. Организираат практична настава за речиси 4.000 ученици од дуалните паралелки во 62 средни стручни училишта – рече Јаневска, додавајќи дека ова се добри бројки, до кои е дојдено со многу труд на Министерството за образование и наука и голема поддршка од швајцарската амбасада, Делегацијата на ЕУ, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и самите училишта.

    Министерката изрази очекувања дека соработката помеѓу сите кои досега се грижеа за унапредување и промоција на средното стручно образование ќе продолжи, не само преку проектот „Образование за вработување“, туку и воопшто низ сите канали кои даваат ефект, додавајќи дека очекува наскоро да се донесе и новиот Закон за стручно образование и обука, кој е во собраниска процедура и со кој всушност системски ќе се уреди концептот на дуално образование.

    – Како министерка преземам и конкретна иницијатива за оваа соработка да продолжи, па така веќе Министерството испрати допис до општините и средните стручни училишта кои во координација со компаниите треба да достават информации за реалните потреби од одреден кадар, за да можеме соодветно да ги планираме и квотите за упис на ученици во средно образование во конкурсот за следната учебна година – додаде Јаневска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img