More

    Ендру Тејт и брат му не платиле 2 милион фунти данок за онлајн бизниси

    spot_img

    Британската полиција може да заплени повеќе од 2 милиони фунти од познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, откако не платиле ниту денар данок за приход од 21 милион фунти од нивните онлајн бизниси, одлучи главниот судија, објави „Гардијан“.

    Полицијата во Девон и Корнвол покрена правна постапка за да ги одземе парите. Средствата биле чувани на седум замрзнати банкарски сметки од браќата и една жена идентификувана само како Ј.

    Во пресудата, изречена во судот во Вестминстер во средата, главниот судија, Пол Голдспринг, рече дека она што изгледаше како „сложена финансиска матрица“ е всушност „директна измама со приходи“.

    Судот претходно слушна дека браќата Тејт платиле нешто помалку од 12 милиони долари на сметка на име Ј. и отвориле втора сметка на нејзино име, иако таа немала никаква улога во нивните бизниси.

    Дел од парите што полицијата побара да ги заплени беа криптовалути кои се чуваат на сметка на името на Ј. Таа добила уплата од 805.000 фунти на нејзината сметка на Revolut.

    Постапките за браќата Тејт се граѓански, што значи дека полесно и со пониски критериуми може да се докаже вина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img