Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос денеска изјави дека има нова динамика во процесот на проширување и дека се постигнува напредок

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос денеска изјави дека има нова динамика во процесот на проширување и дека се постигнува напредок.

Кос на новинарите по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ изјави дека ова е прв состанок откако таа ја презеде функцијата, на кој ќе се сретне со министрите кои одлучуваат за важни заклучоци за проширувањето.

„Постои нова динамика во процесот на проширување и напредуваме. Вчера затворивме три поглавја од преговорите со Црна Гора, а денеска отвораме кластер со Албанија. Честитки“, наведе Кос во oбјавата на мрежата Х.

Таа изјави дека од една страна ќе им помогне на земјите-кандидати да ги спроведат своите реформи и да продолжат во пристапниот процес, а од друга страна ќе соработува со земјите-членки целиот процес да биде што е можно поефикасен.

 

Share This Article