Додека ново поставениот Вд директор на Охридската болница Асен Шајн не излегува од својот кабинет , плашејќи се некој дан му ја грабне фотељата,во нервното одделение во охридската болница ,се случува вистински хорор!!!
Како што може да се види и на приложената снимка, пред докторските амбуланти во нервното одделение во чекалната каде чекаат пациенти , од горниот дел каде се навоѓаат тоалетите од интерното одделение , фекалии се излеваат директно врз главите на пациентите кои чекаат во нервното одделение! Ваквата слика настанала пред една недела , кога,почнал да пропушта бетонската плоча која ги дели катовите на нервното одделение и интерното одделение во охридската болница.
Новиот ВД директор иако знаел за настаната состојба во нервното одделение на болницата , не реагирал воопшто,за него решение било поставување на лејгени на подот,а за останато што произлегува од излевајнето на фекалии , ширењето на заразни болести, не е’ битно, битна е фотељата….
Државниот санитарен и здравствен испекторат мора под наитно да излези на терен и да изврши контрола во нервното одделение на охридската болница и да поднесе соодветни пријави за одговорните лица во охридската болница..
С.Д,