Шест руски бродови отпловиле од руската поморска база во Тартус во Сирија, откако џихадистичките бунтовници се приближиле на 35 километри, се шпекулира на социјалната мрежа Икс. Според објавата, руските сили се повлекле поради претпазливост од напад со беспилотни летала.
Веста ја сподели познатиот профил „Visegrád 24“. Информациите не се потврдени.
Се вели дека меѓу руските бродови кои отпловиле се подморницата класа „Кило“, две фрегати од класа „Горшов“, фрегата од класа „Григорович“, како и два помошни брода.
Киев Пост неодамна објави дека украинската специјалната единица ХИК, дел од ураинското разузнавање ХУР ги обучува бунтовниците да ракуваат со дронови.Бунтовничките исламски сили претходните денови напредуваа во Сирија среде жестоки борби, а според последните информации го освоија аеродромот во Алепо.
Pronews.gr пренесува дека одлучувачката битка ќе биде околу Хама, град кој е многу важен за исламските бунтовници, бидејќи големиот бунт таму започна во 1982 година против таткото на сегашниот претседател Башар Ал Асад, Хафез ал Асад.
Меѓутоа, Ал Асад го уништи бунтот во крв, со опсада и разурнување на самата Хама и истребувајќи 60.000 жители.