More

    Рускиот патријарх проговори за нуклеарното оружје

    spot_img

    Патријархот на Руската православна црква Кирил рече дека нема потреба да се поттикнува страв за нуклеарното оружје бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот, пренесува хрватски Индекс.

    – Предавањето страв за можни апокалиптични сценарија, прекумерната алармност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето затоа што полесно се манипулира со личност лишена од духовниот свет… Не треба да си играме со сето тоа бидејќи христијаните не се плашат од таканаречениот крај на светот. Го чекаме Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи – рече Кирил I на пленарната седница на 26. Светско руско народно собрание.

    Тој додаде дека тоа не значи дека треба да се седи со скрстени раце.

    – Напротив, нашата земна мисија е да бидеме војници Господови, да се спротивставиме на злото и да ги браниме високите морални идеали. Тоа е целта во Русија – рече тој.

    Кирил им се заблагодари на руските научници за развојот на, како што рече, „неверојатното оружје“.

    Иако е врховен верски водач, московскиот патријарх често ги коментира политичките процеси во земјата со поддршка на политиката на Владимир Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img