More

    Бура од емоции во новата песна на Ѓоко Јовиќ: „Ако одиш“ носи силна љубовна порака

    spot_img

    Популарниот македонски пејач и вокал на музичкиот состав „Енерџи Бенд“, Ѓоко Јовиќ ја изненади јавноста и своите обожаватели со моќна љубовна балада која уште при првото слушање предизвикува бура од емоции кај секој слушател кој вистински знае да сака.

    Љубовната балада го носи насловот „Ако одиш“ и е четврта по ред песна која Ѓоко ја објавува годинава. На музиката и аранжманот свој потпис стави Лазар Цветкоски, додека текстот е дело на неговата сестра, Магдалена Цветкоска. Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации во продукција на М16 при турнејата на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд во Австралија.

    – Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја осети енергијата и целата емоција која ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.

    Како потсетување, претходно јавноста ги слушна песните „Магија“, „Незаборавна“ која дојде во ултра модерен ритам, како и народната „За четири наши дечиња“ со што пејачот покажа дека успешно “плива“ во повеќе жанрови и знае на вистински начин да ги донесе до публиката.

    https://www.youtube.com/watch?v=x0jPBlfSqf0

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img