More

    Српски министер раскажа како ја шармирал актерката Хилари Свонк

    spot_img

    Српскиот министер за финансии Синиша Мали гостуваше во шоуто Ami G Show каде раскажа како се запознал со американската актерка и оскаровка Хилари Свонк. Тогашниот градоначалник на Белград и холивудската актерка се запознале додека седеле еден до друг на трибините на Ролан Гарос во Париз во 2016 година.

    – Тоа беше финале на Ролан Гарос и беше првпат Новак Ѓоковиќ да го освои тој турнир. Поради околностите, тоа навистина не е случајност, но нека биде така, јас и Хилари седевме заедно бидејќи јас дојдов прв и гледав каде да седнам, по можност до некого. Ја препознав – раскажа Синиша Мали за фамозната средба во Париз.

    Тој вели дека има неколку интересни работи за ситуацијата.

    – Секако, јас релативно млад, седнав до неа и почнав разговор. На Ролан Гарос добиваш капа поради сонцето. Ги спуштив капата и мобилниот телефон, се обидов да започнам разговор и гледам дека тоа добро оди. Да бидам искрен, дадов сѐ од себе. Значи, дадов сѐ од себе. И измислувам лево- десно, вака-така. И заврши Ролан Гарос и ние се договараме да се видиме во Америка – вели српскиот министер.

    По мечот го зел мобилниот телефон и видел дека го барал Александар Вучиќ.

    – Ме барал сто пати. Не знаев дека тоа ќе биде на РТС. Ја прикажале Хилари и во сплет на околности и мене до неа. Не го погледнав мобилниот, не видов ништо бидејќи се трудев околу неа. Само што му се јавив, а тој почна: „Што бараш ти таму? Од каде таму?“ Му кажав дека Ноле победил и дека сѐ е супер.

    – Сепак, тој ме начека на следниот чекор. Јас и Хилари се договоривме да се видиме на следниот УС Опен, но Вучиќ ми рече дека треба да одам во Техеран како градоначалник на Белград за да потпишам ннекој договор. Отидов токму во деновите кога требаше да одам во Њујорк. Не можев да го објаснам тоа. Реков дека ќе одам во Техеран наместо во Њујорк – се присети министерот Синиша Мали како српскиот претседател му ја уништил шансата за повторна средба со Хилари Свонк.

    Тој откри и дека Хилари раскинала со своето момче ден-два по Ролан Гарос. На прашањето дали биле на раб да се „смуваат“, Мали низ смеа одговори дека Вучиќ го спречил тоа.

    -Но, дадов се од себе – се пошегува српскиот министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img