More

    Истрелани се 40 ракети од Либан кон Израел

    spot_img

    Околу 40 ракети беа истрелани денеска од Либан кон Израел, соопштија израелските вооружени сили, а четири лица се полесно повредени, соопшти службите за итни случаи.

    „Околу 5 ракети ја погодија рамнината Шарон и областа Тел Авив, околу 25 беа упатени кон Галилеја и 10 други во северниот дел на регионот. Сите беа лансирани од Либан“, се вели во соопштението.

    Сирените за воздушен напад се вклучиле, а вооружените сили соопштија дека „некои проектили биле пресретнати, а други паднале во ненаселени области“.

    – Четири лица се полесно повредени во рамнината Шарон од скршено стакло – изјави портпаролот на израелската служба за брза помош, Маген Дејвид Адом.

    Претходната вечер, една жена била убиена во северен Израел, а неколку луѓе биле повредени во предградие на Тел Авив по ракетниот истрел од Либан. Според армијата, Хезболах истрелал 100 ракети врз северен Израел, додека, пак, израелската авијација продолжила со нападите врз Бејрут.

    УНИЦЕФ денеска предупреди дека повеќе од 200 деца се убиени, а 1.100 се повредени во Либан во изминатите два месеца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img