Застрашувачки снимки го покажуваат моментот кога патнички авион налетал на силни турбуленции, поради што патниците „летаат“ кон таванот. Авионот полн со патници се упатил кон Мајами, кога свртел на сред лет и се вратил во Европа.
Деветчасовниот лет на „Scandinavian Airlines“ од Стокхолм беше речиси на својата дестинација кога беше принуден да се сврти и да се врати назад по алармантната ситуација.
Откако прелета во турбуленции над Гренланд, полниот авион се врати во базата во Копенхаген на проверки поради загриженост за технички проблеми.
Патник на летот, кој патувал со сопругата, објавил видео на кое се гледа како патниците врескаат поради турбуленциите. Една жена која седела во неговиот ред потоа била фрлена нагоре.