Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е информиран за деталите за „многу насилен инцидент“ чија цел биле израелските граѓани во Амстердам и наредил испраќање два спасувачки авиони за да им помогнат, соопшти неговата канцеларија во петокот.
Министерството за национална безбедност на Израел ги повика своите граѓани во Амстердам да останат во хотелски соби, се вели во друго соопштение од кабинетот на премиерот.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека се подготвува да испрати итна спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе користи товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови, соопшти ИД.
„Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар наидоа на антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир во објава на X.
Природата на нападот се уште не е позната.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар побара од холандската влада да им помогне на израелските граѓани безбедно да стигнат до аеродромот. Саар ова му го кажа на холандскиот колега Каспар Велдкамп во телефонски разговор во петокот.
Ајакс и Макаби од Тел Авив во четвртокот одиграа натпревар во Амстердам во рамките на Европската фудбалска лига.