Авиопревозникот „Ер Канада“ планира да врати во својата флота авиони „Боинг 767“ произведени пред повеќе од 30 години, објавија специјализираниот портал PYOK.
Станува збор за два авиони стари 33 и 34 години, со чија помош Air Canada сака привремено да го зголеми капацитетот. Двата авиона се конфигурирани со вкупно 211 седишта, со 24 седишта за бизнис класа и 187 седишта во економска класа.
Претходно Ер Канада ги префрли овие два Б767 од складиштето во Феникс во Хамилтон, каде што авионите се подготвуваат да се вратат во употреба во 2025 година.
Компанијата овие авиони ги повлече од употреба за време на пандемијата со ковид-19.
Ер Канада моментално лета само товарни Боинг 767 авиони. Нејзината товарна флота се состои од шест вакви авиони.
Авиокомпанијата оперирала вкупно 65 различни Б767 во текот на својата историја.
Компанијата имаше неколку инциденти со авионите боинг 767 . Во 2020 година Боинг 767 со 128 патници успеа успешно да се врати на аеродромот Барахас во Мадрид, откако проблеми со моторот и дупната гума го принудија пилотот да остане во воздух неколку часа за да изгори гориво пред слетувањето.
Во текот на следните четири години, Ер Канада, исто така, планира да купи дури 30 авиони Ербас А321ХЛР, 27 Ербас А220 и 12 авиони Боинг 737MAX.