Четворица се ранети, од кои двајца се со тешки повреди, откако била употребена секира за време на тепачка во приградски воз надвор од Париз, изјавил извор од француската полиција, објави Гардијан.
На една од жртвите ѝ била отсечена раката, а на друга ѝ бил отворен черепот, додал изворот, барајќи да остане анонимен. Уште двајца се потешко повредени.
Неколку лица, некои од нив малолетни, биле вклучени во тепачката што избила утрината во понеделникот.
Инцидентот се случил додека приградскиот експресен воз РЕР бил на станицата Озоар-ла-Фериер, југоисточно од Париз.