Од МВР доцна синоќа информираа за убиство во Штип:
„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.
Полициските службеници го пронашле телото.
Извршен е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.