More

    Германскиот концерн „Бош“ ќе отпушти 7.000 работници поради намалената побарувачка на домашниот пазар

    spot_img

    Германскиот концерн „Бош“ ќе отпушти 7.000 работници поради намалената побарувачка на домашниот пазар, најави извршниот директор на компанијата, Стефан Хартунг.

    Хартунг не исклучува дека ќе има и нови отпуштања.

    -Зголемувањето на обемот на трговската размена со светот значи и намалување на капацитетите на домашниот пазар. „Бош“ беше принуден да укине повеќе од 7.000 работни места во Германија бидејќи бизнисот е под притисок. Сега не можам да ја исклучам можноста дека ќе мора дополнително да ги приспособиме нашите кадровски капацитети – рече Хартунг.

    Тој истакна дека „Бош“ нема да може да го исполни својот економски план за 2024 година. Продажбата ќе биде на пониско ниво од 2023 година.

    „Бош“ ја снабдува со делови  германската автомобилска индустрија која е западната во голема криза. Дел од компаниите веќе најавија затворање на фабрики и намалување на производството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img