Времето и денеска ќе биде без значителна промена, со истата „шема“ како и во претходните денови – наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи максималната температура денеска ќе се движи од 23 степени во Маврово, 22 во Скопје, до 23 степени Целзиусови во Гевгелија.
Во првиот ден од викендот, во сабота, времето ќе биде поубаво, а максималната температура ќе стигне до 26 степени Целзиусови.
Промената на времето ќе се случи во недела.
Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен, до засилен северен ветер . Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.
Во текот на следната работна седмица, според прогнозата на УХМР, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.