Русија го глоби Гугл повеќе одошто има пари во светот!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот суд го казни Гугл со сума повисока од вкупната количина пари во светот – двојка после која средуваат 36 нули. Пресметано во долари, тоа значи дека на технолошкиот гигант му било кажано да плати 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари.

Според руската агенција Тасс, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков признал дека „не може ни да ја изговори оваа бројка“, но го повикал „менаџментот на Гугл да обрне внимание“. Агенцијата тврди дека казната е толку голема затоа што се удвојува секој ден поради тоа што не е платена.

За споредба, светскиот БДП изнесува 110 трилиони долари, како што сугерираат проценките на Меѓународниот монетарен фонд.

Гугл е проценет на 2 трилиони долари.

Компанијата неодамна го загуби спорот против паричната казна од Европската Унија изречена поради начинот на кој компанијата врши дигитално рекламирање и ќе треба да плати 2,4 милијарди евра.

Share This Article