More

    Бајден ги нарече поддржувачите на републканскиот кандидат Доналд Трамп „ѓубре“, па подоцна неговата администрација мораше да ги објасни своите зборови

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден ги нарече поддржувачите на републканскиот кандидат Доналд Трамп „ѓубре“, па подоцна неговата администрација мораше да ги објасни своите зборови. Изјавата на Бајден доаѓа како одговор на изјава на комичарот Тони Хинчклиф кој на митинг на Трамп изјави дека американската територија Порторико е „остров за отпадоци“.

    Бајден зборувајќи на митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк рече:

    – Порториканците во мојата родна држава Делавер се добри и чесни луѓе. Единственото ѓубре што го гледам се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Порториканците е неамериканско и навредливо.

    Си-Ен-Ен побара одговор од Белата куќа да ја појасни изјавата на американскиот претседател, а оттаму соопштиле дека Бајден не мислел на поддржувачите на Трамп туку дека „поддршката на Трамп за ваквата реторика е ѓубре“.

    Во меѓувреме, поддржувачите на Трамп го критикуваа коментарот на Бајден.

    Според аналитичарите, тоа што изјавата на Бајден ги разбесни поддржувачите на Трамп може да направи тие да излезат во поголем број на претседателските избори на 5 ноември. Тие г

    Тие дури ја споредија ситуацијата со 2016 година, кога Хилари Клинтон ги нарече поддржувачите на Трамп „жалосни“.

    Во меѓувреме, одговор за Бајден стигна од „десната рака на Трамп“, републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс.

    Венс рече дека Бајден и демократската кандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис треба да се „засрамат“ од овие коментари, пренесува „Њујорк пост“.

    „Мајка која го оплакува својот син кој почина од предозирање со фентанил не е ѓубре“, напиша Венс во одговорот што досега е прегледан повеќе од 2,4 милиони пати на интернет.

    Ќерката на Џорџ Буш Јуниор ја поддржа ривалката на Трамп

    Барбара Пирс Буш, ќерка на поранешниот претседател на САД, републиканецот Џорџ Буш помладиот, ја поддржа кампањата на демократската кандидатка Камала Харис.

    Минатата недела таа учествувала во мобилизација на гласачи во сојузната држава Пенсилванија, објави списанието „Пипл“.

    Барбара Буш изјави дека очекува Харис да донесе напредок за земјата и да ги заштити правата на жените.

    За разлика од неа, Џорџ Буш помладиот и овој пат одби да поддржи кој било претседателски кандидат, што го практикува уште од 2016 година, кога републиканците го номинираа Доналд Трамп.

    Меѓу другите републиканци кои ја поддржуваат Харис се и поранешниот потпретседател Дик Чејни и неговата ќерка, Лиз Чејни, поранешна конгресменка од Вајоминг, на кои Трамп неодамна им се обрати како „воени хушкачи“ на митинг во Мичиген.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img