Битолчанец измачувал девојка во викендичка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

39-годишен битолчанец ја киндапирал поранешната девојка и ја претепал во викендичка во Нижопооле. Во обид да го сопре малтретирањето жената си ги исекла вените, но и тоа не го спречило насилникот кој продолжил брутално да ја тепа. Овој шокантен случај на насилство, извршен на 21 октомври, ја потресе јавноста

Од Основното јавно обвинителство Битола информираат дека е поведена постапка против 39-годишниот маж, кој е осомничен за противправно лишување од слобода и телесна повреда, во врска со свирепо насилство врз неговата поранешна партнерка.

„Осомничениот ја затворил и држел затворена неговата поранешна партнерка, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Инцидентот започнал кога жртвата влегла во неговото возило пред нејзината куќа. За време на возењето, осомничениот ѝ задал удар во главата со тупаница. Подоцна ја однел во својата викендица во Нижеполе, каде што свирепо ја претепал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото, додека била затворена повеќе од еден час“, соопштија од обвинителство.

Како што истакнуваат од ОЈО, во обид да го прекине ужасното малтретирање, оштетената посегнала по нож ѝ си ги исекла вените на левата рака. Но, и тоа не го запрело осомничениот, кој продолжил брутално да ја удира, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди.

Иако јавниот обвинител побарал мерка притвор, осомничениот успеал да избега и е во бегство. Притворот ќе се спроведе веднаш по неговото пронаоѓање и приведување. Обвинителството соопшти дека презема сите потребни мерки за негово пронаоѓање и апсење.

Share This Article