Во израелскиот напад е оштетена тајната база на Револуционерната гарда на Иран

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A view of Tehran capital of Iran is seen, early Saturday, Oct. 26, 2024. (AP Photo/Vahid Salemi)
- Advertisement -
Ad image

Израелскиот напад врз Иран ја оштети базата на паравоената Иранска револуционерна гарда, каде што се произведуваат балистички ракети и од каде се лансираат ракети од вселенската програма, покажуваат сателитски снимки кои денеска ги анализира Асошиејтед прес.

Оштетувањето на базата Сахруд покренува нови прашања во врска со нападот на Израел во саботата, особено затоа што тој беше насочен кон област што претходно не беше спомната од Техеран, а која ја вклучува Револуционерната гарда, моќна сила во Иран.

Иранската револуционерна гарда засега не коментира за можната штета претрпена во израелскиот напад.

Иран само ги потврди израелските напади во провинциите Илам, Кузестан и Техеран, а не во руралната провинција Семнан, каде што се наоѓа базата.

Дека локациите за производство на балистички ракети се уништени покажуваат сателитските снимки на две воени бази во близина на Техеран, кои претходно ги анализираше АП, а цел беа и Израел.

Сателитски снимки со висока резолуција од Planet Labs PBC направени за АП покажуваат оштетување во вселенскиот центар на гардата Шахруд во Семнан, 370 километри од главниот град Техеран.

Семнан е и дом на „Вселенскиот центар Имам Хомеини“, за цивилната вселенска програма.

На снимката се гледа дека централната, голема зграда во вселенскиот центар Шахруд е уништена. Се гледаат и возила, најверојатно надлежните кои ја утврдуваат штетата.

Share This Article