More

    Унгарскиот премиер не ја претставува ЕУ

    spot_img

    Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се очекува денеска да пристигне во дводневна официјална посета на Грузија, но тој „не ја претставува Европската Унија“, нагласи високиот претставник на Европската Унија,  Жозеп Борел, цитиран од француските медиуми.

    – Орбан денеска оди во Грузија… без сомнение да ја покаже својата поддршка за грузиската Влада. Што и да каже Орбан за време на неговата посета, тој не ја претставува Европската Унија – рече Борел во интервју за шпанското јавно радио.

    Унгарскиот националистички премиер е единствениот лидер на земја-членка на ЕУ кој останува близок со Москва. Тој е еден од ретките кој реагираше на изборниот резултат во оваа кавкаска земја, честитајќи ѝ на партијата Грузиски сон за „убедливата победа“.

    Проевропската грузиска опозиција денеска повикува на демонстрации за да ги осуди објавените резултати од парламентарните избори кои, според неа, биле „украдени“ од владејачката партија. Претседателката Саломе Зурабишвили дури изјави дека станува збор за „специјална руска операција“, забележуваат француските медиуми.

    – Вршителот на должноста претседател на Европската Унија нема надлежности во областа на надворешната политика – нагласи Борел, изразувајќи ја зголемената недоверба на Брисел кон шефот на унгарската Влада која претседава со ЕУ во овој шестмесечен ротациски мандат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img