More

    Еве зошто оваа боја е најдобриот кандидат за живот на друга планета

    spot_img

    Најдобрата шанса да се најде живот на друга планета е да не се бара бледо сина точка налик на некој океан, ниту светови со шумско зеленило, тврди нова научна студија. Наместо тоа, треба да трагаме по виолетовите планети, бидејќи веројатноста е дека животот фрла таква сенка, пишува ИФЛ Наука.

    Зошто е ова така? Затоа што организмите кои не користат кислород или живеат во средини со малку кислород често имаат виолетова боја. Како на пример, виолетовите бактерии.

    А според според д-р Лигија Фонсека Коељо од Универзитетот Корнел, ваквите средини без кислород, се најверојатната средина на вонземска планета.

    – Виолетовите бактерии можат да напредуваат под широк спектар на услови, што ги прави еден од главните кандидати за живот кој би можел да доминира во различни светови – вели таа.

    Значи, ова е сосем различно од животот на нашата земја, каде повеќето растенија, на пример, се зелени, затоа што имаат хлорофил. Но, дури и на Земјата, ако ја следиме историјата на планетата, три четвртини од сите организми биле едноклеточни, бактерии…

    Тимот на Фонсека Коељо трага по виолетови бактерии на Земјата кои живеат во сурови услови.  Ова вклучува хидротермални отвори на длабоко море, мочуришта, па дури и застојано езерце кое лесно се наоѓа на кампусот Корнел.

    – Тие (бактерии) веќе напредуваат овде во одредени ниши. Замислете само да не се натпреваруваат со зелените растенија, алгите и бактериите: црвеното сонце може да им даде најповолни услови за фотосинтеза.

    Црвеното сонце, познато и како црвена ѕвезда е тип на ѕвезда која често се наоѓа во системи блиски од нашиот Сончев систем. Тимот открил дека слабата светлина од овој тип ѕвезда е доволна за развојот на виолетови бактерии.

    Црвените џуџиња, како што ги викаат овие ѕвезди, обично тежат колку половина од нашето Сонце.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img