More

    Медведев вели дека 40-те милијарди за Украина се со цел истата да продолжи

    spot_img

    Американскиот пакет помош за Украина вреден 40 милијарди долари одобрен од Конгресот има за цел продолжување на прокси-војната против Москва, што би се рекло војна со посредство. Цела исто така е нанесување загуби на Русија и ограничување на нејзиниот развој и политичко влијание во светот, оцени заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

    Медведев преку „Телеграм“ порача дека САД нема да успеат да го ограничат економскиот развој на Русија и нејзиното политичко влијание во светот.

    Според него, „очигледно е дека рекордната помош не може да се објасни како љубов на САД кон Украина, ниту како поддршка на сопствената економија“.

    „Нејзина цел е продолжување на прокси-војната против Русија, желба да се нанесе тежок пораз, да се ограничи нејзиниот економски развој и политичко влијание во светот“, напиша Медведев.

    Медведев нагласи дека ќе бидат реализирани целите на специјалната руска воена операција во Украина.

    Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри повеќе од 40 милијарди долари помош за Украина

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img