Два гола на македонските интернационалци го означија почетокот на викендот.
Лука Станковски продолжува со голгетерската серија во првенството на Србија. Тој го постигна третиот гол во последните три меча во триумфот (4-0) на Раднички Крагуевац против Јединство Уб. Станковски го постигна третиот гол за својот тим.
Илија Несторовски беше стрелец во ремито на Славен Белупо против Шибеник (2-2) во 11. коло на ХНЛ. Прилепчанецот погоди по половина час игра за израмнување (1-1).