Белорускиот претседател Александар Лукашенко даде интервју за Би-Би-Си на самитот на БРИКС во Казан. Интервјуто го водеше Стив Розенберг, уредник на Би-би-си за Русија, кој во текстот посочува дека малку светски лидери биле на власт веќе 30 години, како Лукашенко.
Тој потсетува дека белорускиот претседател беше обвинет за изборна кражба, задушување на опозицијата и кршење на демократијата, а ЕУ и САД не го признаваат за легитимен лидер.
Розенберг забележува дека Лукашенко има уште еден квалитет што го издвојува – како некој кој соработувал редовно со рускиот претседател Владимир Путин долги години, тој веројатно го познава подобро од кој било друг светски лидер.
На прашањето дали мисли дека Путин е подготвен да користи тактичко нуклеарно оружје стационирано во Белорусија, Лукашенко одговори дека без негова согласност тоа оружје нема да се користи.
– Путин никогаш нема да користи нуклеарно оружје во Белорусија без согласност на белорускиот претседател – рече Лукашенко, мислејќи на себе во трето лице.
На прашањето дали е подготвен да употреби нуклеарно оружје, тој одговори:
– Јас сум целосно подготвен. Зошто инаку би го имале тоа оружје? Но само ако странска воена чизма стапне на тлото на Белорусија. Немаме планови да нападнеме некого!