More

    Ќе се санираат руинираните метео-станици и радарски центри

    spot_img

    Управа за хидрометеоролошки работи добива 1 милион денари за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените со што целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење финансиска поддршка.

    – Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието – изајви Трипуновски.

    Тој додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да се придонесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

    Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарските центри и метеоролошките станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените, во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img