Барањето помош од Северна Кореја ја разоткрива слабоста на Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: FILE PHOTO: Russian President Vladimir Putin and North Korea's leader Kim Jong Un pose for a photo during their meeting in Vladivostok, Russia, April 25, 2019. Picture taken April 25, 2019. Alexander Zemlianichenko/Pool via REUTERS//File Photo/File Photo

Европската Унија е свесна за извештаите кои укажуваат дека Северна Кореја и Русија ја зајакнуваат нивната веќе постоечка воена соработка со испраќање севернокорејски војници на руска територија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.

– Тоа сигнализира дека Русија е навистина очајна во обезбедувањето на сета помош што може да ја добие бидејќи е толку изолирана и е под толку многу санкции, што не може да го стори тоа на други начини и со други средства. Само уште еднаш да потсетам, Северна Кореја е режим под повеќекратни санкции од страна на Советот за безбедност на ОН и е актер кој сериозно ги нарушува стабилноста, мирот и безбедноста не само во регионот, туку и на глобално ниво. Потпирањето на земји како што е Северна Кореја само ја разоткрива слабоста на Русија – рече Стано.

Тој иронично забележа дека Русија изгледа навистина „спроведува специјална операција во Украина“, доколку ѝ треба помош со војници од „изолиран режим кој е под санкции на Обединетите нации“.– Секако дека сме многу загрижени за растечката воена соработка помеѓу Северна Кореја и Русија. Подеднакво сме загрижени поради трансферите на оружје меѓу овие две земји и со што во моментов се прекршуваат повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Ако се потврдат извештаите за трансфер на војници од Северна Кореја во Русија, тоа би означило уште едно ниво на ескалација и значително зголемување на нивната соработка – рече Стано.

Според него, на овој начин Русија уште повеќе би ги прекршила меѓународните правила и меѓународното право и само би илустрирала дека е решена „да ги ескалира“ своите незаконски активности против Украина.

– Русија апсолутно не е заинтересирана за изнаоѓање мировно решение и со ова испраќа пораката дека не само што бара воена помош од каде било, главно од изолирани режими, туку размислува и за користење на нивните војници – додаде Стано.

Share This Article