More

    Една поинаква Модната недела во Њујорк (NYFW)

    spot_img

    Модната недела во Њујорк (NYFW) годинава ќе се одржува од денес до 16 февруари, но со значително помал распоред на настани и построги мерки на претпазливост поради актуелната ситуација со пандемијата.

    Армија на лидери во модната индустрија е пристигната во градот за да се покажат и да го искористат она што ќе биде во стил за наредните сезони есен и зима.
    NYFW есен/зима 2022 годинава сепак ќе изгледа поинаку од порано.
    Малите промени се однесуваат на ковид пртоколите, а оние поголемите, на отсуство на некои од модните куќи и дизајнери кои беа или редовно присутни или без нив и да неможеше да се замисли модната недела. Отсуство најавија: Marc Jacobs, Rodarte, Pyer Moss и Christopher John Rogers, Thom Browne одбра ревијата да ја одржи подоцна, а Tom Ford, иконата на NYFW , го одложи преставувањето, поради проблеми со колекцијата, условени од пандемијата.

    Нивното отсуство ќе направи простор за поголемо внимание на новите таленти, што е некаква утеха за организаторите.
    Њујорк отсекогаш бил поекспериментален од традиционалните модни недели во Милано и Париз, па така деновиве нишалото уште повеќе да се движи во корист на помладите дизајнери и хибридните физичко-дигиталните настани. Тематските разговори и програми од IMG, како и постојано растечката дигитална заедница на љубителите на модата, од NYFW прават потенцијал да создавање на нова модна стварност – а не само за она што се случува на пистата./М.М.

    Извор:modamoda.mk

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img