More

    Нови тензии: Северна Кореја го прогласи јужниот сосед за непријателска држава

    spot_img

    Северна Кореја денеска официјално го одобри амандманот на уставот, со кој Јужна Кореја е дефинирана како непријателска држава. Водачот Ким Јонг Ун повика на промена на уставот на почетокот на оваа година. Со неодамнешното минирање на делови од патиштата што водат кон Јужна Кореја, Пјонгјанг го нарече процес на целосна поделба на територијата меѓу двете земји.

    Односите меѓу Северна и Јужна Кореја дополнително се влошија откако Ким Џонг Ун во јануари го опиша Сеул како главен непријател на Пјонгјанг и нагласи дека Северна Кореја повеќе не е заинтересирана за повторно обединување.

    Војската на Северна Кореја најави дека трајно ќе ја запечати јужната граница по неколкумесечно поставување мини и противтенковски бариери долж неа. Пјонгјанг потоа разнесе делови од патишта и железници кои водат кон Јужна Кореја оваа недела, според француската новинска агенција АФП.

    Мерката беше опишана од Северна Кореја како „неизбежна и легитимна“ и „спроведена во согласност со барањата на уставот, кој јасно ја дефинира Јужна Кореја како непријателска држава“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Таа додаде дека тоа е „дел од постепеното целосно одвојување на територијата на Северна Кореја од територијата на РК“, користејќи ја кратенката од официјалното име Јужна Кореја.

    Иако патиштата што ги поврзуваат земјите одамна се затворени, нивното уништување е јасна порака дека севернокорејскиот лидер не е подготвен да преговара со јужниот сосед, оценуваат експертите цитирани од АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img