Иранската државна телевизија во петокот им се извини на гледачите затоа што накратко прикажа пар како се бакнува еден ден претходно, објавија локалните медиуми.Мрежата Насим прикажа млад пар како се бакнуваат неколку секунди додека минуваат пред камера поставена во парк.
Сцената беше дел од емисијата „скриена камера“.
Мрежата се извини за „грешка која произлезе од невнимание на продукцискиот тим“, се вели во соопштението објавено од агенцијата Исна.
Во Иран, секој физички контакт меѓу маж и жена е забранет на државната телевизија.
„Насим“, која исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „ќе преземе цврста акција против одговорните за оваа небрежност“, се додава.