More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 17 Октомври, 2024

    spot_img

    На 16.10.2024 во 12.05 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Т.(25) од село Покрајчево, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 16.10.2024, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Ц.(34) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги. М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    На 16.10.2024 во 12.05 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Т.(25) од село Покрачјево, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 16.10.2024 во 14.30 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Ф.С(21) и О.Ч.Д.(19), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. При контрола во возилото „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.С., биле пронајдени пет лица мигранти од Ирак, од кои едно женско лице и еден малолетник. Додека, при преглед во возилото  „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал О.Ч.Д., биле пронајдени четири лица мигранти, од кои еден малолетник. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно –  транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 16.10.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 16.10.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 16.10.2024 во 21.35 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(19) од Берово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 16.10.2024 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 16.10.2024 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово.  По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 16.10.2024 во 09.45  часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.А.(49) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. К.А. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

    На 16.10.2024 во 10.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле М.А.(35) од Тетово за издржување на мерка притвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

    На 16.10.2024 во 18.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А.(44) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Кај него биле пронајдени предмети кои претходно ги одзел од угостителски објект на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 16.10.2024 во 15.53 часот во СВР Куманово, К.А.(48) пријавил дека во село Черкезе, кумановско, пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

    На 16.10.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д.  и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

    На 16.10.2024 околу 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Волковија, во с.Брвеница, тетовско, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф.(62) од с.Челопек, удрило во пешакот К.Ј.(68) од с.Брвеница. Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

    На 16.10.2024 во 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – с.Лешница – с.Долно Јеловце, Ф.М.(39) од с.Здуње, гостиварско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

    На 16.10.2024 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14.00 часот на улица „4 Мај“ во Кавадарци, мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б.(68) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

    На 16.10.2024 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц.(60), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    На 16.10.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

    На 16.10.2024 во Полициската станица Центар, К.Ј.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје била каснат од куче со  сопственик.

    На 16.10.2024 во 21.25 часот во Полициската станица Драчево, И.А.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Жарко Зрењанин“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img