Израел ноќеска изврши напад врз сирискиот пристанишен град Латакија. Во нападот се повредени две лица.
Во нападот се ранети две лица, што го потврди и невладината Сириска опсерваторија за човекови права.
Латакија беше под контрола на владините сили во текот на целата граѓанска војна, а во близина има и база на руската армија.
Сириската опсерваторија со седиште во Велика Британија соопшти дека Израел цели на складиште за оружје во Латакија, пишува француската новинска агенција АФП.
Сана извести за двајца ранети цивили, материјална штета и пожари кои наводно настанале кога биле соборени некои „непријателски цели“.
Израел често ја бомбардира соседна Сирија, чиј дел е окупиран од 1967 година, но ретко ги коментира нападите. Овие напади дополнително се интензивираа од почетокот на израелската копнена инвазија во Либан.
Нападите главно се насочени кон групи поддржани од Иран. Тука спаѓа и либанското движење Хезболах, кое е сојузник на сириската влада. Хезболах исто така активно се бореше на страната на државната армија за време на сириската граѓанска војна.
Латакија, на брегот на Средоземното Море, во минатото ретко била цел на израелски напади. Во близина на градот е и воздухопловната база Хмејмим, која руската армија ја користи од 2015 година.