More

    Европа ќе сврти накај десно, колку десно?

    spot_img

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги излудува сите бидејќи неговата игра е многу очигледна: да ја натера Фон дер Лајен да се сопне, вели еден од осум претставници на ЕУ цитирани од бриселски Политико.  Се вели дека Мишел цели кон позицијата на Жосеп Борел, а за тоа мора да ги собере гласовите на незадоволните од Фон дер Лајен.

    Додека Фон дер Лајен доби репутација на менаџер во кризата со ковид-19, Мишел често беше предмет на критики, пишува Политико. Во 2021 година во Анкара, кога Мишел го зграпчи единственото достапно столче за време на фотосесијата и седна до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,Фон дер Лајен мораше да седи на блискиот кауч.

    Аферата стана позната како Софагејт, а Фон дер Лејен го обвини Мишел за сексизам.

     

     

    Во април, Фон дер Лајен не ја исклучи соработката со групата ЕЦР и ја доби поддршката од италијанскaта премиерка Мелони. Тоа може да се покаже како ризична стратегија. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја предупреди Фон дер Лајен да не се обидува да обезбеди нов мандат со помош на десничарските екстремисти.

    Токму за ова Фон дер Лајен ја напаѓаат социјалистите и либералите во Европскиот парламент.

    На изборите в недела антиевропските партии можат да победат во девет земји, вклучително и во Белгија, Италија и во Франција. Колку десно може да оди ЕУ? Германската агенција ДПА пишува дека според анкетите на јавното мислење, екстремната десница ќе постигне значителен успех на изборите.

    Веќе со месеци политичките аналитичари прогнозираат дека централно-левичарските и зелените партии ќе загубат пратенички места на сметка на десниот центар и екстремната десница на европските избори.

    Ова би можело донекаде да го загрози мнозинството кое го имаат три групи: централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП), централно-левичарските Социјалдемократи (С&Д) и либерално-центристичката Обнови ја Европа.

    Екстремно десничарскиот „Идентитет и демократија“ (ИД) и помалку радикалните, но евроскептичните европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) се двете главни групи кои најверојатно ќе профитираат најмногу на изборите.

    Податоците од анкетата од крајот на мај покажуваат дека ИД може да добие 68 места, а ЕЦР 75.

    Со ова тие би скокнале од постојните 118 мандати во Европскиот парламент на 143. Европски парламент вкупно има 720 пратенички места.

    Сегашното мнозинство на ЕПП, С&Д и Обнови ја Европа се очекува да освои 404 места во новиот парламентарен состав, што е послабо мнозинство од сегашните 417 места, но, тие се надеваат, сепак доволно за да се зачува мнозинството што го имаа од изборите во 2019 година.

    Доколку проекциите се покажат како точни, парламентот сепак ќе има повлијателен националистички блок, што секако ќе ги промени дискусиите за клучните прашања со кои се соочува Европа.

    Спојувањето на ИД и ЕЦР може да се покаже како одлучувачки фактор за изборот на идниот прв човек на ИК и за составот на следната Комисија.

    Екстремната десница во ЕУ, сепак, е поделена. Она што прво ги дели е Русија. Полската партија Право и Правда, дел од ЕЦР, е дијаметрално спротивна на про-Кремљ позицијата на унгарската Фидес за украинската војна. Во меѓувреме, Мелони зазеде јасна проукраинска позиција.

    Друга поларизирачка област се обидите на екстремната десница да се привлече кон „мејнстримот“, што значи да привлече одредена категорија гласачи.

    Голем раскол се појави во групата ИД откако водечкиот кандидат на АфД за изборите, Максимилијан Кра, рече дека не сите членови на СС, нацистичката паравоена група, се криминалци.

    Ова доведе до осуда од Националното собрание, кое се обидува да ја исфрли својата антисемитска репутација, и на крајот резултираше со протерување на АфД од групата ИД.

    Но, не е сигурен ниту успехот на радикалната десница на изборите, ниту именувањето на Фон дер Лајен.

    Сепак, јасно е дека „санитарниот кордон“, неформален повоен договор за исклучување на екстремната десница од власт, се распаѓа, бидејќи се повеќе такви партии влегуваат во владејачките коалиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img