Откриени детали од повикот пред грозоморната смрт на Лиам Пејн

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лиам Пејн (31), еден од пејачите на бендот „Уан дирекшн“, загина во морничав пад од третиот кат на хотел во Буенос Аирес, а сега е откриено дека претходно вработените повикале полиција.

Вработените во хотелот „КасаСур Палермо“ вчера попладнето повикале полиција поради проблематичното однесување на пејачот.

„Дојдете брзо, гостинот крши сè собата кога е при свест, а животот му е во опасност бидејќи собата има балкон“, гласел повикот до полицијата. Кога пристигнале полицајците, го пронашле телото на Лиам Пејн кој паднал од балконот на третиот кат.

Очевидци тврдат и дека Лиам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.

Неговата последна објава на Снепчат го покажува како среќно позира со својата девојка Кејт Кесиди додека позираат пред огледало.

Share This Article