More

    На интернет се шири шокантно видео од Париз

    spot_img

    На интернет се прошири видео од непријатен момент помеѓу актерките Никол Кидман и Салма Хаек на овогодинешната Модна недела во Париз. Тие позираа по ревијата на брендот „Баленсијага“, која се одржа во рамките на настанот.

    Се фотографираа со пејачката Кети Пери, а Салма во еден момент се обиде да ја сврти Никол кон фотографите. Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и им го сврте грбот на фотографите. Потоа Никол се бакна во образ и размени неколку зборови со Кети Пери и си замина.

     

    „Никол сигурно не го видела прстот пред себе со тие очила, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма ѝ беше многу непријатно“, „Многу непотребно, не требаше да ѝја оттурне раката“ , „Многу напнат момент“, напишаа луѓето во коментарите под снимката која беше објавена на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. Некои додадоа дека се гледа дека има тензии меѓу актерките.

    Пристигнувањето на Никол на Модната ревија во Париз беше нејзино прво јавно излегување по смртта на нејзината мајка. Актерката била во Венеција кога ја добила тажната вест, а потоа итно отпатувала за Австралија.

    Кидман била многу блиска со мајка си која имала здравствени проблеми, а за неа се грижела актерката.

    „Можам да го видам светот, затоа што сме блиски, низ очите на 81-годишна жена. Таа е многу директна и многу искрена и на тој начин добивам пристап до светот преку нејзините очи, очите на мајка ми, значи дел од мене во речиси 80 години“, изјави актерката во едно интервју пред две години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img