More

    Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, на Европското првенство во бокс го освои бронзениот медал

    spot_img

    Синот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ, на Европското првенство во бокс го освои бронзениот медал.

    Во категоријата до 86 килограми, српскиот конкурент имаше напорна работа откако за противник го имаше сегашниот светски шампион. Поискусниот боксер ја однесе победата, по што Вељко остана со бронза.

    Покрај бронзениот медал, тој успеа да добие и солидна парична награда.

    Имено, за поразот во полуфиналето, на сите натпреварувачи им следува парична награда од 5.000 американски долари.

    На поразените во финалето инаку им припаѓа награда од 10.000 американски долари, додека освојувачот на златниот медал доби дополнителни 15.000 долари.

    Инаку, боксерот Вељко Ражнатовиќ на својот грб го носи бремето на името на својата позната мајка, поради што бил на мета на негативните коментари.

    „Се надевам дека преку ова проширување на боксот што се случува во последниве години и државата треба повеќе да помогне во тој професионален бокс. Помага само во аматерскиот. Ние едноставно немаме ништо што се однесува на тој професионален бокс. Не правиме ревии, не носиме боксери, не инвестираме, не даваме медиумски простор, додека ММА сето тоа го прави“, истакнал Ражнатовиќ, а на коментарот на водителката: „Еве медиумски простор“, Вељко додал:

    – Ова е мој медиумски простор затоа што сум син на Цека Ражнатовиќ, во спротивно, прашање би бил тој медиумски простор сè додека не земам некој појас. Бог ме погледна, а каде се сите други момчиња кои крвават и прават сè исто како мене? Мислам дека е малку неправедно, но секој со своето – признал неодамна за „Информер“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img