More

    Тошковски жали за половиот напад врз првоодделенецот од негови соученици

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првоодделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров се обиделе да силуваат свој соученик.

    Во одговор на новинарско прашање, Тошковски рече  зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

    – Многу ми е жал што е случен таков настан и што е споделен со јавноста, бидејќи станува збор за малолетници. Искрено, целокупната јавност е згрозена од ваков тип на настани. МВР во делот на неговата надлежност ќе постапи во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сè што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија – рече Тошковски.

    Според Кривичниот законик, додаде, децата немаат кривично-правна одговорност, така што подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

    Според соопштението на МВР, двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, завчера, со тврд предмет се обиделе да силуваат свој соученик.

    Случајот во полиција го пријавил таткото на жртвата.

    – Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него – стои во соопштението на МВР.

    Според информации на Сител телевизија, детето веднаш ја информирала наставничката, но, таа не превзела ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне, откако бил извршен лекарски преглед врз детето.

    Одговорниот наставник на одделението беше суспендиран, додека против четири наставници ќе се поведе дисциплинска постапка. Директорот на училиштето даде оставка од морални причини, а на негово место е поставен в.д. директор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img