More

    Педро Касарес од Флорида стана хит на социјалните мрежи откако ја врза својата куќа со ченти за земјата  пред ударот на ураган Милтон

    spot_img

    Педро Касарес од Флорида стана хит на социјалните мрежи откако ја врза својата куќа со ченти за земјата  пред ударот на ураган Милтон.

    Имено, како што појасни, лентите не само што биле закачени за тревникот пред куќата, туку куките што ги држеле лентите биле закопани 2,5 метри во земја и наполнети со цемент.

    Ден по ураганот, новинарите на „9News“ и „CNN“ го посетија Педро и се уверија дека неговиот систем за заштита од урагани е успешен.

    -Добро сме, само излеговме надвор од куќата да исчистиме и да провериме дали има штета. Ништо не се случи, само минимална помала штета, ништо страшно – изјави ќерката на Касерес за Си-Ен-Ен.

    Ќерката на Педро потоа се огласи и на TikTok и потврди дека куќата не е оштетена. Таа додаде дека нејзиниот татко не планира наскоро да ги отстрани лентите од куќата бидејќи сезоната на урагани се уште трае.

     

    Претходно таа покажа како биле прицврстени лентите за земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img