More

    Ердоган во Србија се заложи за стабилен Балкан

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал важноста на мирот и безбедноста на Балканот, и важноста на здравиот разум во пристапот меѓу Косово и Србија, јави Анадолија.

    Ердоган престојува во официјална посета на Србија, каде што одржа тет-а-тет средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, по која беа потпишани договори за соработка меѓу двете земји.

    – Односите меѓу Турција и Србија се во своето златно доба – истакна турскиот претседател на заедничката прес-конференција со Вучиќ.

    Тој додаде дека турските инвестиции во Србија во последните 12 години се зголемени од еден милион на 405 милиони долари.

    – Разговаравме за регионалната соработка, ја нагласивме важноста на мирот и безбедноста на Балканот и затоа е важно да се има здрав разум во пристапот меѓу Косово и Србија – истакна Ердоган.

    Тој се осврна и на соработката меѓу двете земји на полето на одбранбената индустрија.

    – Турција и Србија имаат можности да ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија, но само со цел зачувување на мирот. Никој да не се обидува да утврди каква треба да биде содржината на соработката во областа на одбранбената индустрија меѓу Турција и Србија, додавајќи дека тоа ќе го утврдат самите две земји – нагласи Ердоган.

    Турскиот претседател се осврна и на палестинското прашање.

    -По 7 октомври 2023 година, 9 земји ја признаа државата Палестина. Уште еднаш ги потсетувам земјите кои не ја признаа Палестина да направат таков чекор – порача тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img