И денеска продолжува променливото време, претпладне претежно суво, додека во попладневните часови повторно ќе има повремени локални врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи и со засилен ветер.
И во делови од Скопскиот регион попладне ќе има повремен локален дожд, локално пообилен и проследен со грмежи и со ветер.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до 22 степени.
Од утре ќе имаме стабилизирање на времето, со постудени утра, додека максималните температури ќе бидат во поголем пораст, а исклучок ќе биде само среда кога ќе има услови за локален дожд.