More

    Компанијата „Грин тек“ 10 години нема да плаќа данок на добивка

    spot_img

    Собранието на денешната седница одлучи во скратена постапка да се носат 4 предлог-законски за реализирање на стратешките проекти од енергетиката за кои деновиве се води расправа во јавноста во која експертите бараат овие инвестиции да ги реализира државата и со тоа да обезбеди енергетски суверенитет.

    По скратена постапка ќе се носат законите за изградба на когенеративна централа, односно централа која ќе произведува и гас и електрична енергија, во скопска Железара. Договор кој го добива грчки „Митилинеос“ и кој предвидува државата да ѝ даде помош на компанијата од 50 милиони евра.

    Вториот проект е на Грин Тек која ќе треба да гради централи во Штип и во Свети Николе. Оваа компанија 10 години ќе биде ослободена од данок на добивка.

    Останатите два проекта се Стипион соларниот парк, како и нова централа во Пехчево.

    Собранието ги задолжи Комисијата за економски прашања како матичната и Законодавно-правна комисија да закажат седници на кои ќе може да се достават и амандмани.

    Пратеници од опозициските партии побараа дел од овие законски решенија, посебно на законот за реализација на гасната централа на грчката компанија „Митилинеос“, да се симнат од дневен ред на седницата, но беа надгласани.

    Борис Крмов од Левица се повика на писмото на Асоцијацијата на инженери во кое, како што рече, детално се образложува во 11 точки зошто овие проекти треба да ги гради државата. Тој рече дека на овој начин пред избори се распродава државата.

    Пратеникот Тони Јаревски побара од дневен ред да се симне и законот за новата централа во Пехчево кој како што рече е коруптивен и ја нарушува конкуренцијата во областа за што побара да се произнесе и соодветната комисија.

    Според деловникот за работа, бидејќи овие закони се носат по скратена постапка по дискусијата во комисиите, собранието на пленарна седница ќе ги помине второто и третото читање, по што овие закони, доколку бидат изгласани ќе одат кај претседателот на државата кој треба да го потпише указот за нивно спроведување.

    Собранието денеска одлучи по скратена постапка да донесе и голем број други закони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img