Скопје го декларира како свој основен надворешнополитички приоритет присоединувањето кон европското семејство на вредности и правила, тоа подразбира стриктно придржување кон добро познатите преземени ангажмани.
Вака бугарското Министерство за надворешни работи реагира по, како што велат од таму, континуираните изјави од претставници на Република Северна Македонија, кои го ставаат под сомнение принципот pacta sunt servanda.
„Процесот на европска интеграција се заснова на сопствените заслуги и не допушта посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат. Единствената гаранција за успех е исполнувањето на воспоставените критериуми и услови“, се наведува во соопштението.
БТА ја цитира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во телевизиско гостување, каде што тој рече дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да започне преговори со ЕУ, а Унијата да биде арбитер.