Либанското милитантно движење Хезболах рано во неделата објави дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут објавија дека повторно слушнале експлозии во тој град.
Хезболах објави дека израелската армија се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисех и дека борбите се во тек, пренесува Ројтерс.
Очевидци од либанскиот главен град изјавија за агенцијата дека силни експлозии се слушнале во јужните предградија рано во неделата.
Израел претходно издаде три предупредувања до жителите веднаш да ги напуштат тие делови на Бејрут.