Израелската војска проценува дека убила околу 250 борци на Хезболах од почетокот на копнената операција во Либан оваа недела, вклучително и неколку команданти на баталјони и чети, рече воениот портпарол, потполковник Надав Шошани.
Шошани, исто така, рече дека војската сè уште ја проценува штетата предизвикана од воздушните напади во јужен Бејрут, кои, како што рече, биле насочени кон разузнавачкиот штаб на Хезболах.
Хезболах јавно не објави податоци за бројот на загинатите, според Ројтерс.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во петокот вети поддршка на Либан за време на неговата прва посета на Бејрут од почетокот на израелската агресија врз земјата минатиот месец.
„Бидете сигурни дека Исламската Република Иран цврсто ќе застане до своите пријатели во Либан“, рече Арагчи, додавајќи дека Техеран ги поддржува Либан и Хезболах и дека „треба тоа лично да се каже“.