„Пинк Флојд“ договори вртоглава сума за продажба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот рок бенд „Пинк Флојд“ постигна договор со „Сони“ да го продаде својот музички каталог за речиси 400 милиони долари. Легендарната група се согласи да ги продаде правата на својот музички каталог, име и бренд, но не и за правата на песните.

На ова му претходеа повеќегодишни расправии околу деталите за продажбата меѓу преживеаните членови на бендот, пренесува Гардијан.

Во 2022 година, Variety објави дека „Пинк Флојд“ планира да ги продаде своите плочи и други средства во вредност до 500 милиони долари.

Во текот на изминатите неколку години, други уметници од висок профил, вклучувајќи ги Брус Спрингстин, Боб Дилан, Џастин Тимберлејк, Шакира, R и други, ги продаваа своите каталози на различни издавачки куќи.

Претходно оваа година беше објавено дека „Сони“ преговара за купување на каталогот на „Квин“.

Забележано е дека музичкиот каталог на „Пинк Флојд“ е еден од највредните во модерната музика.

Share This Article