Американец од Дирборн, Мичиген, е убиен во Либан во израелски воздушен напад, според ќерката на жртвата, неговата пријателка и според американската конгресменка што ја претставува неговата изборна единица, објави Ројтерс.
Кабинетот на демократската американска претставничка, Рашида Тлаиб, во средата соопшти дека е во контакт со семејството на Камел Ахмад Џавад кој е државјанин на САД.
Неговата ќерка, Надин Џавад, во изјава рече дека нејзиниот татко бил убиен во израелски напад во Либан во вторникот „додека се обидувал да спаси невини животи“. Таа додаде дека во последните денови, нејзиниот татко избрал да остане во близина на болница за да им помогне на старите и на инвалидите.
- ИЗРАЕЛ ПОГОДИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР ВО БЕЈРУТ Најмалку 6 лица загинаа
- ДВАЈЦА МРТВИ ВО ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ ДАМАСК 7 израелски војници се убиени во јужен Либан