More

    Кое млеко содржи најмалку калории?

    spot_img

    Алтернативите на млеко од растително потекло се разликуваат многу по вкус, но изборот на млеко од овес, соја, кокос или бадем прави разлика кога станува збор за калориската вредност.

    За оние кои внимаваат на дневниот внес на калории, бадемовото или кокосовото млеко се најдобрата опција бидејќи содржат само 13 до 21 килокалории (kcal) по децилитар, според податоците на германскиот центар за советување потрошувачи.

    Треба да се има на ум дека ова се однесува само на незасладените пијалоци.

    Бадемовото и кокосовото млеко исто така содржат помалку масти од кравјото.

    Содржината на маснотии во полномасното млеко е 3,5 проценти, со околу 65 kcal на децилитар.

    Обезмастеното млеко со содржина на маснотии од 1,5 отсто содржи околу 45 kcal на децилитар.

    Доколку не консумирате кравјо млеко, но сакате да го зголемите внесот на протеини во организмот, млекото од соја е вистинскиот избор за вас, покажуваат податоците на германскиот институт Макс Рубнер, владина истражувачка агенција фокусирана на исхраната.

    Млекото од соја, кое во просек содржи 38 kcal на децилитар, има подобар „квалитет на протеини“ во споредба со млекото од овес и бадем, открија истражувачите на овој Институт, а тоа го припишуваат на високиот удел на есенцијални амино киселини во млекото од соја.

    Подобриот квалитет на протеините значи дека телото полесно ги обработува протеините од млекото од соја.

    Со оглед на тоа што овесното млеко се прави од житарки, содржи многу јаглехидрати и малку протеини.

    Во исто време, овесното млеко содржи 46 kcal на децилитар, што е највисоко во споредба со сите алтернативи на млеко од растително потекло, испитани од германски експерти.

    Растителните млека за баристи, кои често се користат за да се постигне што повеќе пена, обично содржат уште повеќе калории и масти, предупредуваат од Институтот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img