More

    Зендеја ги восхити сите со својата модна комбинација

    spot_img

    Американската воена помош за Украина од осум милијарди долари претставува „неверојатна грешка и луд чин“, изјави денеска Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со нуклеарната суперсила Русија.

    Таа истакна дека Вашингтон го влошува конфликтот меѓу Украина и Русија и ја води цела Европа на работ на нуклеарна војна.

    – САД и Западот не треба да го отфрлат или потценуваат сериозното предупредување на Русија – рече Ким Јо Џонг во изјавата објавена од државната новинска агенција.

    Во денешната изјава Ким оцени дека давањето помош на Зеленски во воените дејствија против Русија е „опасна и неодговорна игра“.

    Ким, која има висока позиција во севернокорејската владејачка Работничка партија, често дава изјави за ставот на Пјонгјанг за политичките и безбедносните прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img